Економија Топ вести

Висат договорите за снабдување со фирмите кои се под лупа на Регулаторна

Зголемувањето на цената за набавка на електричната енергија го продолжи домино ефектот на раскинување на договори меѓу приватните снабдувачи и државни институции и бизнис секторот. Град Скопје, ТИРЗ, Опера и Балет и  Драмскиот театар ги раскинаа договорите со приватните фирми снабдувачи  на електрична енергија бидејќи не ги исполниле обврските предвидени во склучените тендери.

Од јавно достапните документи може да се види дека Град Скопје на 29 април склучува договор со „У Пауер“ вреден 1,1 милон евра.

Договорот е во фаза на раскинување. Град Скопје се одлулчи на овој чекор откако фирмата со која склучивме договор не ги исполни обврските од договорот, велат од Град Скопје.

Драмскиот тетатар тендерот го склучува на 30 декември минатата година а вредноста е 569 илјади денари.

Договорот со фримата „Вангард“ е ракинат бидејќи снабдувачот немаше можност да ги исполни обврските предвидени во договорот. Склучивме договор со друга приватна компанија снабдувач, соопштија од Драмски театар.

Опера и Балет пак ќе склучат договор вреден 40 илјади евра. По раскинувањето активирана е гаранцијата.

Договорот е раскинат од страна на носителот на набавката, пред истекот на важноста на договорот, поради што е наплатена гаранција за квалитетно извршување, велат од Опера и Балет.

ТИРЗ пак бил принуден од „У Пауер“ да плаќа повисока цена и го раскинал договорот.

Компанијата „У Повер“ на почетокот на септември достави до ТИРЗ предлог за зголемување на цената на електричната енергија. Предлогот е одбиен согласно потпишаниот договор за јавна набавка во кој цента е единствениот критериум за избор на добавувач. Во моментов  ТИРЗ ја користи законската можност за снабдувач во краен случај, велат од тирз.

Кризата во електроенергетскиот сектор ги покажа сите слабости на системот во Македонија. Регулаторната комисија го испитува работењето на осум приватни фирми, снабдувачи со електрична енергија, кои се соочуваат со одземање на лиценците за работа. Постапката е во тек, информираат во регулаторна.

Тоа се: „Мист Енерџи“, „У пауер“, Вангард“ „Енерџи он“, Енерџи уинд“, „Солар Про“ , „Енерџи Актив“ и „Енергиа Гас енд Пауер“. А постапките се отворени бидејќи фирмите на своја рака ги раскинувале договорите со корисници не можејќи да ја испорачаат договрената количина на струја или пак поради енормно користење на балансната енергија од МЕПСО.

А корисници се приватниот и бизнис секторот но и голем број на државни институции. Според достапните податоци, четири од осумте фирми, како свои корисници имаат неколку сотини државни институции. Министерството труд и социјала, УЈП, агенции, болници, општини, судови и голем број на училишта се со договор со фирмите кои може да останат без лиценца за работа

Доколку тоа се случи, тие ќе мора да склучат нов договор, со нов снабдувач по цена повисока од онаа што веќе била договорена поради моменталаната цента на енергијата на берзите што е далеку повисока од онаа во првичните договори

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе