Спорт

Седум  медали за каратистите на Макпетрол од силниот интернационален турнир кроација опен

Каратистите на Макпетрол од Скопје, заминаа со комбиниран тим на интернационалниот карате турнир Кроација Опен. Успеаја да освојат 7 медали и да се изборат за 5 пласмани во финале, на силниот турнир каде беа пријавени рекордни 1703 спортисти, од 233 клубови и 21 национални репрезентации.

Приоритетно за сениорите беше да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на светското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец Ноември 2021 год во Дубаи УАЕ, а за јуниорите проверка пред европското првенство во Фебруари.

За Риека заминаа осум спортисти од клубот, сите репрезентативци на Македонија. Спортистите беа поделени во возрасни категории на сениори, јуниори и постари јуниори. Тие освоија вкупно седум медали од кои 5 сребрени и 2 бронзени медали.

Спортисти кои учествуваа во Риека:

Петар Заборски опен категорија сениор и тренер на екипата – бронзен медал

Петар Спасеновски опен категорија сениори, – сребрен медал

Роберто Ацковски  -67 кг, сребрен медал

Мојсовска Ангела сениорка -68 кг, сребрен медал

Викторија Јовановска сениорка -68 кг,

Витомир Трајковски јуниор -76 кг,

Стефан Стојанович  јуниор -76 кг. сребрен медал јуниори ,и  сребрен медал за У21

Многу ќе жали Глигор Петков (Макептрол) во категоријата до 84 килограми, бидејќи и борбите и за финалето и за бронзата ги загуби на изјаснување, кои завршија 0-0 во регуларниот дел.

И Викторија Јовановска (Макпетрол) имаше забележителен настап со три последователни победи, таа во клучните борби беше поразена, најнапред за влез во финалето се сретна со Ана Ленард најдобра Хрватска каратистка европски првак и после беше поразена и во репасажот за бронзениот медал.

На Меѓународен карате турнир „Корација опен“ во Риека, Хравтска, поточно  вториот ден во помладите возрасни категории европскиот првак Стефан Стојановиќ (Макпетрол) го освои сребрениот медал во категоријата над 84 килограми во У-21 откако во финалето зауби од Словакот Томаш Коса, додека пак Глигор Петков (-84кг, Макпетрол) се закити со бронзата во истата конкуренција.

Второто финале за нашиот актуелен европски првак Стефан Стојановиќ (+76 кг, Макпетрол) го оствари во финалето кај јуниорите и се бореше со Макс Фајербах од Хрватска загуби со резултат 2-3.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски изјави: „Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен интернационален турнир. Тоа што се одржува непосредно пред почетокот на светското сениорско првенство кое треба да се одржи во Дубаи, затоа повеќе држави дојдоа со своите сениори и направија извонредна контрола на моменталната форма, тоа го направивме и ние. Како клуб со нашите репрезентативци освоивме вкупно седум медали и поради тоа сме многу задоволни, имавме дури пет финалиња со по четири последователно добиени борби од страна на нашите спортисти.“

-Сениорските репрезентативци: Петар Заборски, Петар Спасеновски и Ангела Мојсовска покажаа добра форма и голема борбеност. Сакам да истакнам и тоа дека нашиот актуелен европски јуниорски првак, на овој турнир направи вкупно 10 борби. Учествуваше во две финалиња и кај јуниорите, но ние го при(јавивме и во (У21) постари јуниори бидејќи тој во месец Фебруари полни 18 години. Стефан Стојанович го потврди својот голем квалитет и освои две сребрени медали на овој силен турнир , оцени Заборски.

Резултати

Сениори

-61 кг

Викторија Јовановска (Макпетрол) – Марија Мурковиќ (Хрватска) 3-1

Викторија Јовановска (Макпетрол) – Луција Батаија (Хрватска) 3-0

Викторија Јовановска (Макпетрол) – Жужана Шулаи (Унгарија) 3-1

Викторија Јовановска (Макпетрол) – Ана Ленард (Хрватска) 2-3

За бронза

Викторија Јовановска (Макпетрол) – Тамара Живковиќ (Србија) 0-3

-68 кг

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Деси Рубини (Италија) 8-2

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ивана Галиќ (Хрватска) 0-1

Отворена/ апсолутна категорија

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Паулин Бонжур (Швајцарија)

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Луција Борот (Швајцарија) 3-0

Финале

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ана Хирт (Швајцарија) 4-5

-67 кг

Роберто Ацковски (Макпетрол) – Давид Гахан (Италија) 1-0

Роберто Ацковски (Макпетрол) – Васил Ривов (Бугарија) 5-0

Роберто Ацковски (Макпетрол) – Боран Берак (Србија) 0-1

За бронза

Роберто Ацковски (Макпетрол) – Ром Гаиги (Унгарија) 2-0

-75 кг

Петар Заборски (Макпетрол) – Шалев Гајги (Израел) 1-1

-84 кг

Глигор Петков (Макпетрол) – Зденк Ванка (Словачка) 0-8

Глигор Петков (Макпетрол) – Ерман Садиковиќ (Австрија) 5-0

Глигор Петков (Макпетрол) –  Александар Калабиќ (Хрватска) 1-0

Глигор Петков (Макпетрол) – Тибор Хидаси (Унгарија) 0-0

За бронза

Глигор Петков (Макпетрол) – Анте Мрвичиќ (Хрватска) 0-0

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Емил Садиковиќ (Австрија) 0-0

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-0

Отворена/ апсолутна категорија

Петар Заборски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) 1-4

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Кеану Сатин (Швајцарија) победа

Финале

Петар Спасеновски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) победа на Словенецот

За бронза

Петар Заборски (Макпетрол) –Арбен Пјетрај (Швацарија) победа на Заборски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе