Економија Топ вести

Кристалина Георгиева ја доби довербата Извршниот одбор на ММФ

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди целосната доверба во директорката на фондот, Кристалина Георгиева, откако ги испита обвинувањата против неа за наводни притисоци врз вработени во Светска банка да изменат податоци за Кина.

Извршниот одбор ја донесе одлуката по проучувањето на извештајот на адвокатската фирма Вилмер Хејл, во кој се обвинува Георгиева дека извршила притисок врз нејзиниот персонал во 2017 година, кога таа беше извршен директор на Светска банка, да ги измени податоците за Кина со цел да го подобри резултатот на земјата на Дуинг Бизнис скалата.

Одборот вчера соопшти дека има доверба во посветеноста на Георгиева да ги задржи највисоките стандарди на управување и интегритет.

Истовремено, тие истакнаа дека планираат дополнителни чекори за зајакнување на мерките за заштита на непристрасноста на вработените во ММФ, како и обезбедување канали за поплаки и несогласувања.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен и порача на Георгиева дека извештајот за работата на Светска банка „покренал легитимни прашања“, но дека поради недостаток на директни докази, менувањето на раководството на ММФ било неоправдано.

Таа нагласи дека „треба да се преземат проактивни чекори за зајакнување на интегритетот и кредибилитетот на ММФ“, а Георгиева и другите лидери на ММФ мора да ја обноват својата посветеност кон транспарентност во истражувањето, анализите и политиките на фондот, се наведува во соопштението на Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе