Економија Топ вести

Цената на струја за домаќинстава останува иста, фирмите мора да го преживеат ноември

Стопанствениците бараат цверста контрола врз приватните фирми за испорака на електрична енергија, постороги критериуми за лиценци и гарантен фонд за ублажување на штетите кај стопанствениците најавува Регулаторна, а ЕСМ почнува со интервентното производство на електрична енергија од декември, за да се стабилизира цената, и ќе се нуди на стопанствениците. Кризата ќе потрае порачуваат надлежните

Центара на струјата за домаќинставата ќе остане непроменета, но стопстанствениците кои купуваат на слободниот пазар ќе мора да издржат до декември кога ЕСМ ќе почне со интервентното производство на струја кој ќе го продава на фирмите по цена повисока од онаа за домаќинствата. Токму затоа е и набавката на јаглен со која ќе се зголеми производството на струја во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ќе се стабилизираат цените и електро енерегтскиот систем, најави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Стопанствениците се соочуват со неисполнување или откажување на договорите за снабдување со струја со фирмите од слободниот пазар. Од Стопанската комора побараа од Регулаторната комисија да напарви листа на фирми кои може да ги исполнат обврските од договорите.

Регулаторната комисија е на иста линија со стопанствениците. Оттаму најавуваат мониторинг врз снабдувачите со електрична енергија и ќе се следи дали и колку испорачуваат и по која цена. Ќе се формира и Гарантен фонд од кој штетите кои се предивзикани од снабдувачите ќе им бидат покриени на фирмите.

Од Регулаторна соопштија дека под лупа се 8 фирми снабдувачи со електрична енергија за кои посоти сомневање дека не продавале струја по цената склучена во договорите и се испитува колкава е шетата која ја претрпела државата.

Огнен Чамчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе