Ракомет Спорт

Ракометарките вечерва се среќаваат со Црна Гора

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 20 часот и 15 минути во рамките на ЕХФ купот ќе се соочат со селекцијата на Црна Гора која исто така е еден од домаќините на претстојното Европско првенство.

За нашиот селектор Љубомир Савевски кој ќе дебитира на оваа функција, вечерашниот меч е почеток на подготовките за настап на континенталниот шампионат што ќе се одржи следната година.

На дуелот со една од најдобрите селекции на Стариот континент, Савевски нема да може да смета на повредената Јована Саздовска, а реши да им даде шанса на Ива Младеновска, Емилијана Ризоска, Марија Јовановска, Бојана Коцева, Сара Миновска и Теодора Дуковска кои по одличните настапи во младинските категории за прв пат ќе бидат дел од сениорскиот состав.

Натпреварот се игра во А1 арената Борис Трајковски, почнува во 20 часот и 15 минути, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Денеска се игра и вториот дуел од ЕХФ купот во кој се среќаваат актуелниот шампион Норвешка и третиот од домаќините на шампионатот, Словенија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе