Вести Локални избори 2021 Македонија

Од вештачки дожд до бесплатно ин-витро оплодување и бродови по Вардар се само дел од предизборните ветувања

За четири години од сега,сите ќе се возат на велосипед или тротинет, градовите ќе бидат соларни, на секоја зграда со рамен покрив ќе има градини, зеленилото ќе се наводнува со вештачки дожд, а сите крстосници ќе бидат кружни текови.

Родителите нема да плаќаат речиси за ништо, на први септември учениците ќе ги чекаат бесплатни патики,  тренерки и униформи, ќе посетуваат бесплатни курсеви и бесплатно ќе тренираат спортови, ужинките исто така ќе бидат бесплатни, а оброците поевтини за 50 отсто.

Автобусите ќе се движат по висечки коловози, а во Скопје ќе има и алтернативен превоз:Од  Ѓорче Петров до Лисиче, скопјани ќе можат да пловат и со бродови, затоа што Вардар ќе биде пловен. И ова не е рецензија за некој футуристички филм, туку само дел од предизборните ветувања на кандидатите за градоначалници.

Јавноста, пак, се шегува дека Данска ќе може вода да и` носи на Македонија, но и најмногу реагира околу ветувањата за основните човекови потреби.

Тендерите за градска куќа на Скопје и за јагленот за РЕК под лупа на антикорупционерите кои бара надлежните да почнат со санкции за кршење на изборниот законик

Како се приближува изборниот ден, така се засилува и негативната кампања.

Црната кампања е најсилна на социјалните мрежи. Но, тоа, според експертите е сосема погрешен пристап на кандидатите.

Граѓаните, потенцира Кордалов, сакаат искрен однос од кандидатите. Кои се, што се, што направиле ако биле на власт, а ако не биле, што правеле и досега за да ги подобрат состојбите во својата општина. Затоа што, вели, не може никој да се разбуди еден ден и да си рече, јас ќе се кандидирам за градоначалник, и да очекува некој да го гласа по три дена кампања со нереални ветувања.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе