Вести Економија Топ вести

НБ: Состојбата со цените не е алрмантна, но ќе имаме поголема инфлација

Инфлацијата во земјава годинава ќе биде повисока од проекциите и на Владата и на Народната банка. Откако бизнисот и експертите го дигнаа алармот дека до крајот на годинава поради глобалните случувања не очекува енергетска криза и ценовен шок на основните прехрамбени продукти, со реакција излезе и Народната банка. Ќе ја корегира нагоре проектираната стапка на инфалција од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Затегање на монетарната политика, за сега не се планира.

Во првите осум месеци од годинава инфлацијата е 2,7 проценти во просек, значи е нешто над нашите очекувања. Истовремено гледаме дека на Светските берзи има нагорн ревизија и на оцените за увозните цени. Значи цените на енергијата цените на храната за оваа година растот е нешто повисок од тоа што ние го вградивме во текот на мајските проекции. Кога ќе ги земеме овие два фактора во предвид извесно е дека одредена нагорна ревизија на проекцијата на инфлацијата објавена во мај ќе направи и Народната банка, вели Ана Митреска, вицегувернерка на НБРСМ

И премиерот Заев вчера смируваше дека инфлацијата се движи во рамките на проекцијата до 3 проценти. Но вчера ги прими на разговори бизнисмените. Заев најави дека од енергетската криза и повисоките сметки за струја ќе се спасуваме со активирање на третиот блок на РЕК Битола и интервентна набавка на јаглен. А со претставниците од Стопанската комора се согласиле дека времето на евтината енергија полека привршува, и тоа е реалност која мора сите да ја прифатиме.

Стопанската комора да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите.- стои во соопштението.

Стопанствениците пак од прехрамбениот сектор кои предупредија дека цените  на храната до Нова година може да се покачат до 50 проценти вчера по средбата со вицепремиерот Битиќи, се согласиле заедно да соопштат дека нема да има ценовни шокови.

Во соработка со приватниот сектор Владата ќе ги следи будно состојбите и ќе се интервенира онаму каде е најнеопходно со цел да не дојде до повисоки поскапувања на цените на прехранбените производи.  

Вчера минстерот Бектеши пак најави и замрзнување на цените како една од можните мерки за спречување на ценовен шок.  Но колку повисоките цени ќе ги удрат по џеб граѓаните, и кои конкретни мески ќе се  преземат допрва ќе се договараат со бизнисот.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе