Економија Топ вести

Владата ќе нѐ спасува од повисоки сметки за струја со активирање на третиот блок на РЕК Битола

Владата ќе не спасува од енергетска криза и повисоки сметки за струја со активирање на третиот блок на Рек Битола и интервентна набавка на јаглен. Откако експертите, бизнисот и лидерите од регионот го вклучија алармот дека цената на струјата ќе не тресе, премиерот Заев смирува. Вели граѓаните да не стравуваат, цената за домаќинствата ќе остане стабила. Но, за компаниите и институциите на кои снабдувачите веќе им ги раскинуваат договорите и им нудат други со многу повисока цена, вели тие се на слободниот пазар, но ќе се обидат да им помогнат со зголемување на домашното производство.

Ајде јавните институции во буџетите ќе ставиме повеќе пари за да може да платат поскапа струја и тоа ќе го решаваме во периодот кој што доаѓа пред нас. Но, на компаниите треба да им помогнеме и јас верувам дека ќе изградиме сериозни капацитети токму со вклучување на третиот блок кој што значи употреба на некои 1 милион и 800.000 тона јаглен дополнително за производство на електрична енергија, рече премиерот.

Од ЕСМ пак планираат со набавениот јаглен да произведат и вишоци на струја, кои ќе ги продаваат.

АД ЕСМ, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што во текот на утрешниот ден ќе биде објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на еден блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Дополнителните количини, односно вишоци, ќе ги продадеме на слободниот пазар и со тоа ќе оствариме приход за компанијата и за државата, вели директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

И додека властите смируваат, за експертите е јасно дека повисоката цена на струјата ќе биде реалност и во следниот период. Велат – фокусот мора да е на инвестиции во обновливи извори на енергија.

Она што загрижува за следниот период е тоа што цената на фјучерсите односно тоа е цената ан енергијата која што јас би ја купил денес за следната година да ја користам е некаде во ранг меѓу 150 и 220 евра по мегават час. И тоа не се случува само на една берза тоа се случува на сите берзи во регионот. Така да не очекувам дека цената во следниот период драстично ќе се намали или би се вратилена оние 35, 40 50 евра за мегават час кои што ги имаше во претходните неколку години, порача Александар Дединец од МАНУ.

Бизнисот пак бара товарот од растот на цената на струјата на светските берзи да не падне на компаниите.

Сакаме владата да влезе малку поагилно, знаеме дека е многу непријатен период. Се работи сме во предизборие ама оценивме во Комората, значи тактизиравме во право сте, ден , два тактизиравме затоа што не цениве не сакаме тоа да биде третирано како политички атак на Влада или политички. Меѓутоа толку е сериозна работата што мислиме дека владата мора да реагира пронтно и очекуваме да излезат со мерки првенствено кои се однесуваат на зголемувањето на производството, изјави Антони Пешев извршен директор на Стопанска Комора на Македонија.

Поради сериозноста на состојба на енергетскиот пазар, веќе е договорена средба на бизнисот владините претставници и Регулаторна, објави претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Дали ќе има дополнителни мерки за бизнисот поради енормните сметки за струја и за да се спречи ценовен шок ќе се знае во петок.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе