Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс влезе во историјата на шпанскиот фудбал како прв играч кој одиграл 203 едно по друго натпревари, серија која трае од 2016 година.
Дваесет и седум годишниот напаѓач на баскискиот клуб го надмина рекордот на поранешниот играч на Реал Сосиедад, Хуан Ларањега кој беше дел од шампионската генерација на екипата од Сан Себастијан во периодот од 1980 до 1994 година.
Мечот за историја Вилијамс го одигра вчера против Алавес во кој Атлетик успеа да забележи победа од 1:0.