Додека поголемиот дел од клубовите во изминатиов период поради пандемијата бележат рекордни загуби, Милан е еден од ретките кој успеа двојно да го намали негативното салдо во однос на претходната сезона.
Според финансискиот извештај за периодот од 30 јуни 2020 до истиот датум следната година, Милан бележи намалување на загубата за 98,2 милиони евра. Ако на истиот датум пред 12 месеци негативното салдо на клубот изнесувало 194,6 милиони тоа сега е сведено на минус од 94,6 милиони евра.
Домаќинското работење во време на пандемијата придонесе клубот да потроши 70 милиони на засилувања, а останатите расходи да се сведат на минимум.
Според проценките пласманот на клубот од Сан Сиро во Лигата на шампионите може да придонесе по неколку години следниот јуни финансискиот извештај да биде позитивен или негативата да биде сведена на минимум што според челниците на клубот ќе придонесе за засилување на екипата и ангажирање на нови фудбалери.