На листата на најдобро платени предвоници на фудбалските рерпезентации во Африка води поранешниот репрезентативец на Југославија, тренер и селектор на повеќе познати клубови и квалитетни национални тимови, Вахид Халилхоџиќ кој во моментов седи на клупата на селекцијата на Мароко и неговата месечна плата изнесува 89.000 долари.
Втор е уште едно познато име, Португалецот, Карлос Кеироз кој ја води репрезентацијата на Египет и тој месечно заработува 85.000 долари. Далеку зад водечката двојка е селекторот на Алжир, Џамел Белмади кој е роден во Франција и тој според договорот инкасира 65.000 долари.
Шест илјади помалку заработуба предводникот на Камерун, Антонио Консеисао додека петти е Шпанецот, Хавиер Клементе кој ја води репрезентацијата на Либија со мечен приход од 59.000 долари.
Интересен е податокот дека меѓу првите десетмина нема ниту еден Африканец меѓу селекторите бидејќи во најдобро платената десеторка се уште Ектор Купер кој седи на клупата на ДР Конго, селекторот на Нигерија Жерно Рор, Хуго Брос кој ја води Јужна Африка и Патри Бомел кој е на чело на Брегот на Слоновата коска.
Единствен домашен селектор кој се наоѓа на оваа листа е Сенегалецот, Алу Сисе кој е на 15-тото место со месечна плата од 27.000 долари.