Спорт Фудбал

Милан го намали негативното салдо

Додека поголемиот дел од клубовите во изминатиов период поради пандемијата бележат рекордни загуби, Милан е еден од ретките кој успеа двојно да го намали негативното салдо во однос на претходната сезона.

Според финансискиот извештај за периодот од 30 јуни 2020 до истиот датум следната година, Милан бележи намалување на загубата за 98,2 милиони евра. Ако на истиот датум пред 12 месеци негативното салдо на клубот изнесувало 194,6 милиони тоа сега е сведено на минус од 94,6 милиони евра.

Домаќинското работење во време на пандемијата придонесе клубот да потроши 70 милиони на засилувања, а останатите расходи да се сведат на минимум.

Според проценките пласманот на клубот од Сан Сиро во Лигата на шампионите може да придонесе по неколку години следниот јуни финансискиот извештај да биде позитивен или негативата да биде сведена на минимум што според челниците на клубот ќе придонесе за засилување на екипата и ангажирање на  нови фудбалери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе