Вести Свет

12-годишно момче се вакцинираше против ковид за да ја посетува својата тешко болна баба

Холандскиот суд му дозволи на 12-годишно момче да се вакцинира против ковид 19 за да може да ја посетува својата тешко болна баба. Судот пресудил дека вакцината би можела да ги намали шансите за пренесување на заразата на жената, која има рак во напредна фаза. Против неговото вакцинирање бил таткото на детето, но не и неговата мајка.

– Момчето би требало да се вакцинира зашто неговите интереси се поважни од грижите на таткото“, кажа судијата Барт Тромп од општинскиот суд во Гронинген.
Во судските документи стои дека момчето сакало да поминува што е можно повеќе време со баба му, која има метастазиран рак на грлото и е во последна фаза од животот. Судијата како научно неосновани ги отфрлил грижите на таткото дека вакцините се во пробна фаза и претставуваат опасност за репродуктивните органи.
Холандија ги има одобрено ковид вакцините за децата од 12 до 17 години, а за децата под 12 години потребна е согласност од родителите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе