Свет

Миграцијата не е одговор за намалувањето на популацијата во ЕУ

Заедничка декларација потпишаа денеска лидерите од Централна Европа во Будимпешта, во која се наведува дека имиграцијата не треба да биде одговор на намалениот наталитет во Европската унија. Истовремено, лидерите ја повикаа ЕУ да ја задржи семејната политика под национална јурисдикција.

Зголемувањето на бројот на деца во Европа е од суштинско значење за зачувување на европската христијанска култура и други верски традиции за идните генерации. Миграцијата не треба да се гледа како главна алатка за справување со демографските предизвици, се додава во соопштението потпишано од премиерите на Унгарија, Полска, Чешка, Словенија и Србија.

Во документот се наведува дека секоја земја-членка треба да ја обликува својата семејна политика согласно нејзиниот устав, традиција и обичаи.

Семејната политика е и треба да остане национална надлежност, се вели во соопштението.

Наталитетот во Европската унија опаѓа од 2000 година, според податоците на Евростат, со 1,53 живородени деца по жена во 2019 година, што е значително под нивото од 2,1, кое се смета доволно за да се спречи намалување на населението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе