Се поголем е бројот на Србите кои се собираат на граничниот премин со косово Јариње, додека хеликоптерите на КФОР од небо ја надгледуваат ситуацијата. Припадниците на специјалната косовска единица РОС околу еден часот по полноќ направија смена и ноќта помина без инциденти.
Главните магистрални патишта кои водат кон граничните премини Јариње и Брњак и понатаму се блокирани со тешка механизација, која незадоволните Срби од Косово ја поставија во понеделникот наутро.
Причина за тензиите е одлуката на присштинските власти да ги отстрануваат од возилата српските регистарски таблички и да ставаат пробни таблички со Република Косово на српските автомобили кои сакаат да влезат на нивна територија.
Србија не ја признава својата поранешна покраина како посебна држава и смета дека меѓудржавната граница е „административна“ и привремена граница. Ваквиуот потег на Приштина, српскиот претседател Вучиќ го нарече „нелегален“.
Во истовреме министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свекла повика на разговор меѓу двете држави за евентуално меѓусебно признавање на регистарските таблички.