Еден дваесетгодишен работник на бензинска пумпа во Германија бил застрелан откако побарал од клиент да стави заштитна маска.
Според полицискиот извештај, осомничениот е 49-годишен маж кој во саботата вечерта застрелал вработен на бензинска пумпа поради потреба од носење маска во објектот.
Човекот влегол во бензинската пумпа без маска, а 20-годишниот работник го замолил да ги почитува прописите. Тие двајца наводно се скарале, поради што човекот без маска си заминал.
Меѓутоа, како што тврди полицијата, мажот се вратил околу еден час подоцна. Овој пат носел маска, но ја симнал и двајцата мажи почнале нова расправија. Осомничениот потоа извадил скриен пиштол од џебот и го застрелал 20-годишникот во главата. По инцидентот, осомничениот побегнал пеш.
Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и почнала потрага по човекот. Меѓутоа, следниот ден, 49-годишникот влегол во полициската станица и го признал делото.
Осомничениот наводно и рекол на полицијата дека е против ограничувачките мерки против коронавирусот и оти е многу вознемирен од ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.
Тој рекол дека чувствувал како да бил „притиснат до ѕид“ и „не видел друг излез“ освен да даде пример. Осомничениот ја сметал жртвата за „одговорен за целата ситуација, затоа што ги почитувал правилата“.