Свет

Заврши тридневното гласање на парламентарните и регионалните избори во Русија

Гласачките места во московската временска зона беа затворени во 20 часот, со што заврши тридневното гласање на парламентарните и регионалните избори во Русија.

Гласањето заврши во централните, јужните и северозападните федерални области, како и во делови од федералните окрузи Волга и Северен Кавказ, објави ТАСС.

Покрај изборите за Државната дума, Москва одржа и дополнителни избори за градско собрание и општински избори во областа Шчукино.

Во Москва се гласаше на 3.600 избирачки места, а гласачите исто така можеа да го исполнат своето избирачко право и преку интернет.

Според резултатите од излезната анкета на социолози од ИНСОМАР, четири партии ќе влезат во составот на Државната дума: Единствена Русија (со 45,2 отсто), Комунистичката партија на Руската Федерација (21 процент), Либерално-демократската партија (8,7 отсто), Праведна Русија (7, 9 проценти).

Испитаниците биле прашани: „За која партија гласавте на изборите за Државна дума?”. Анкетата беше спроведена преку таблети користејќи електронски прашалници, а податоците се обработени во реално време.

За истражувањето беа избрани 1.455 избирачки места во 825 населени места согласно административно-територијалната поделба на регионите и распределбата на бројот на регистрирани гласачи со цел да се обезбеди репрезентативност на податоците.

Анкетата беше спроведена при излез на гласачите од избирачките места од 8,00 часот наутро до 20,00 часот по локално време во текот на трите изборни дена. Вкупно 438.218 луѓе учествуваа во анкетата од 17 до 19 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе