Македонија

Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот на Галичица

Теренската екипа составена од претставници на НП „Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид рано утринава е испратена на терен за гаснење на планинскиот пожар на планината  Галичица.

Градоначалникот Константин Георгиески, како што информираат од општина Охрид, рано утринава бил на терен во подножјето на планината Галичица, каде што согласно заклучоците од вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, била испратена првата група која, како што информираат, иамал задача да направи увид на состојбата со пожарот и да делува каде што има потреба.

Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот.

Бидејќи на локацијата на пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од локалниот кризен штаб оценија  дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува  континуирано да се следи на терен, се вели во соопштението од Општина Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе