Младата македонската фудбалска репрезентација до 21 година стартуваше во квалификациите за ЕП 2023 година со убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај фаворитот Франција.
Избраниците на селекторот Драган Канатларовски, кој денеска во Ле Ман го имаше своето деби на клупата, беа комплетно надиграни од „триколорите“. Македонија воопшто не создадени ниту една шанса ниту пак успеа да креира опасност пред голот на Меслие.
Триумфот на домаќините го најави Натаниел Ембуку во 26-тата минута. Голот беше доста сомнителен, бидејќи топката од пречката се одби на гол-линијата. Се чини дека топката допираше на линијата, но во младинска конкуренција нема ВАР-технологија, ниту пак гол-линија технологија.
Новото засилување за Реал Мадрид, Едуардо Камавинга со шут од далечина зголеми на 2-0 во 50-тата минута, а точка на победата на Франција стави фудбалерот на Милан, Пјер Калулу со одлична реализација во противнапад.
Нашите надежи на 7.септември ја пречекуваат Србија на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.