Синоќа се одржа првата тв-дебата меѓу тројцата кандидати за наследници на Ангела Меркел. Актуелниот министерот за финансии, Олаф Шолц, според анкетите изби пред Армин Лашет, кандидат на ЦДУ и Аналена Бербок, од Зелената партија. За време на дебата никој од нив не фаворизираше уште еден локдаун поради коронавирусот. Во моментов поддрката на социјалдемократите расте, додека пак конзервативците на Меркел имаат најнизок рејтинг.
На четири недели пред гласањето, 26-ти септември, тројцата кандидати кои се надеваат дека ќе ја наследат канцеларката Меркел, се бореа за предност пред гласачите на првата тв дебата. Иако последните анкети покажаа дека многу гласачи не се импресионирани од изборот со кој се соочуваат, кандидатот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Олаф Шолц, излезе победник во синоќешната дебата. Тој е вицеканцелар и министер за финансии во коалициската влада на Меркел во заминување. Негови противкандидати се Аналена Бербок, кандидат на Зелените, на која и недостасува владино искуство. И Армин Лашет, кандидат на ЦДУ, кој во моментов е гувернер на најнаселената германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија. Ангела Меркел ќе се повлече од функцијата канцелар по 16 години и четири изборни победи. Нејзиното заминување ја ослабна поддршката за конзервативниот блок.
- Последните неколку години чекање со големата коалиција СПД и ЦДУ не и донесоа добро на оваа земја. Сега ну треба вистинско заминувањеи затоа се кандидирам – Аналена Бербок, кандидат на Зелената партија за канцелар на Германија.
- 16 години за Ангела Меркел беа добри години, но сега започнува нов период, потребна е модернизација. Затоа се кандидирам – Армин Лашет, кандидат на ЦДУ за канцелар на Германија.
- Имаме добар план, имаме добар план, за иднината, за она што е потребно сега и секако дека успеав да се подготвам доста добро преку сите функции што ги вршев во минатото- Oлаф Шолц, кандидат на СПД за канцелар на Германија.
Дебатата се осврна и на неодамнешните настани во Авганистан, каде германската влада – како и другите – се обидуваше да ги евакуира своите државјани, но Левичарската партија не даде поддршка за мисијата.
- Последните неколку дена немаше олеснување, одлуката на Левата партија да не пружи никаква поддршка во тешкото распоредување на Бундесферот во Авгананистан, навистина ме растажи- Oлаф Шолц, кандидат на СПД за канцелар на Германија.
На крајот од речиси двочасовната дебата Шолц и Бербок малку ја допреа надворешната политика, а на прашањето дали може да си замислат да коалицираат со Левицата и двајцата избегнаа конкретен одговор.
- За мене централно прашање беше водењето коалициони преговори за заштита на климата. Следната сојузна влада мора да го постави курсот за климатска неутралност во нашата земја и токму тоа стана сосема јасно дека не е став на ЦДУ- Аналена Бербок, кандидат на Зелената партија за канцелар на Германија.
- Но зарем не чувствуваме сите дека ветрот на промените ни дува в лице? Во такви моменти потребна ни е непоколебливост, сигурност и внатрешен компас. И тоа е мојата понуда, тоа е понудата на Унијата- Армин Лашет, кандидат на ЦДУ за канцелар на Германија.
Поддршката за СПД порасна за два процентни поени на 24 проценти, што е најдобар резултат во последните четири години, покажуваат анкетите. Конзервативците паднаа за 1 поен на 21 отсто, што е нивниот најнизок резултат.
Во хипотетичко директно гласање за канцелар, според анкетата на ИНСА, Шолц ќе освои 31 процент од гласовите, Бербок 14 проценти, а Лашет 10 проценти.
Билјана Ставрова