Свет Топ вести

Израелски авиони нападнаа цели на Хамас во Појасот Газа

Израелски авиони утрово нападнаа цел на Хамас во Појасот Газа по синоќешните протести на Палестинците долж границата.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека бомбардирањето е поради пуштањето на запаливи балони од страна на Хамас, што вчера поредизвикаа два пожара во јужниот дел на Израел.

Ќе дејствуваме во Газа согласно нашите интереси, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет на крајот од неговата посета на САД, при што се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден.

Во синоќешните протести на границата помеѓу Појасот Газа и Израел повредени се петмина Палестинци. Стотици Палестинци синоќа протестираа на границата поради израелската блокада на Појасот Газа, фрлајќи запаливи средства на што израелската армија одговори со боева муниција.

Според организаторите тоа е прв од низата ноќни протести, што е предвидено да траат цела недела со цел да се зголеми притисокот врз Израел да ги ублажи економските санкции кон Појасот Газа.

Израел и Египет воведоа блокада кон Појасот Газа откако исламскиот екстремистички Хамас, кој повикува на уништување на Израел, насилно ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година од поумерениот ривал Фатах, откако победи на палестинските избори.

Од 2007 година досега имаше четири конфликти помеѓу Хамас и Израел. Израел тврди дека блокадата е неопходна за да се спречи вооружувањето на Хамас, а Египет се обидува да посредува во воспоставување долгорочен прекин на огнот со цел да се олесни блокадата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе