Спорт Фудбал

Роналдо повторно на „Олд Трафорд“: Португалецот се враќа во клубот по 12 години

Кристијано Роналдо и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, потврди клубот преку својата интернет страница.

„Ѓаволите“ ќе му платат обештетување на Јувентус од 28 милиони евра за Португалецот, кој ќе се врати на „Олд Трафорд“ по 12 години. Тој играше за славниот англиски тим од 2003 до 2009 година пред да направи трансфер во Реал Мадрид.

За Манчестер одигра 292 натпревари и постигна 118 голови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе