Вести Свет Топ вести

Забрзана евакуацијата од Кабул, се стравува од нов терористички напад

Евакуацијата на аеродромот во Кабул, предводена од американските воени трупи, влегува во финална фаза по ужасниот самоубиствен бомбашки напад. Бројката на мртви се зголеми на 170, потврдија и авганистанските официјални лица. Во нападот изведен од терористичката ИСИС-К загинаа и 13 американски војници, но и покрај загубата и претседателот Бајден и од Пентагон потврдија дека ќе продолжат со евакуацијата на Авганистанците, се до крајниот рок 31-ви август. Но, сега ситуацијата на терен стаува се поопасна. Бројот на загинатите американски војници е најголем, не само во Авганистан, туку насекаде во изминатове децении. Иако ИСИС немаа глобална мисија во моментов, извлекувањето на луѓето од Авганистан за САД ќе биде дополнително тешко, предупредуваат аналитичарите.

Следува многу тешка ситуација за авионите кои според американскиот претседател ќе продолжат, но во една многу опасна атмосфера. Мислам дека со оглед на успехот кој го имаа ИСИС бомбашите денеска, ќе може да се очекуваат повеќе нивни обиди од сега до времето кога Американците треба засекогаш да го напуштат аеродромот, смета РИЧАРД ФОНТЕЈН, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАР ЗА АМЕРИКАНСКА БЕЗБЕДНОСТ

Опасноста по нападот во Кабул останува голема за сите во Авганистан, а другите милитантни групи сега ќе се обидат да го искористат хаосот во земјата, смета и официјална Москва.

За жал, песимистични прогнози се потврдени од терористичките групи и организации кои се таму сместени, најмногу од Исламска држава, и нејзините ограноци, кои ќе го искористат хаосот во Авганистан. Ова придонесува за зголемување на тензијата во земјата, изјави ДМИТРИЈ ПЕСКОВ, ПОРТПАРОЛ НА КРЕМЉ

Америка ќе продолжи да евакуира. Останати се околу пет илјади Американци кои чекаат да ја напуштат земјата. Но, стравот од нови напади ги натера сојузниците денеска ги прекинат спасувачките мисии. Германија, Шпанија, Австралија, Нов Зеланд ги реализираа своите последни летови со евакуирани, а Британците најавија дека ги затворија скрининг центрите на аеродромот и повеќе нема да повикуваат на евакуација.

Ќе ги процесираме оние луѓе кои ги земавме со нас, околу 1000 се во авионот засега. Ќе се обидеме некако да пронајдеме уште неколку луѓе во метежот, ако можеме. Но, главната процедура е затворена, и станува збор за неколку часа, соопшти БЕН ВАЛАС, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

Меѓународната заедница го осуди двојниот бомбашки напад во Кабул. Инцидентот ги разгоре и републиканците во САД, кои од претседателот Бајаден побараа импичмент. Јавноста го обвинува Бајден дека премногу им верувал на талибанците во однос на безбедноста на аеродромот.

Сепак, Бајден е единствениот од 4-цата претседатели кој го исполни ветувањето за повлекување на војниците.

Впрочем, најдолгата американска војна се завршува исто како што почна – нацијата ги оплакува мртвите во терористичкиот напад, а огорчениот претседател ветува дека ќе ги лови виновниците во Авганистан.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе