Попладнево на програмата се натпреварите од 3. коло во домашниот фудбалски шампионат. Бранителот на трофејот Шкендија и гостува на Брегалница и се надева дека конечно ќе ја забележи првата победа на еден официјален натпревар во новата сезона.
Лидерот на табелата Академија Пандев во Кавадарци ќе се соочи со Тиквеш додека Шкупи во Битола за противник го има Пелистер.
Денеска се игра и градското дерби во кое Македонија ЃП е домаќин на Скопје додека на арената Тодор Проески, Работнички ја пречекува Струга, а во последниот натпревар од денешната програма Ренова ќе се сретне со Борец.
Сите натпревари почнуваат во 17 часот.
ФУДБАЛ – ПМФЛ
3. КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА
РЕНОВА – БОРЕЦ
ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ