Спорт Фудбал

Официјалано: Лукаку за 115 милиони евра се пресели во Челси

Ромелу Лукаку го напушти Интер и се врати во својот поранешен клуб Челси во трансфер вреден 115 милиони евра.

Белгиецот вечерва и официјално го комплетираше трансферот на „Стемфорд Бриџ“. Напаѓачот потпиша петгодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона. Ќе го облече синиот дрес по пауза од седум години.

Лукаку беше дел од Челси од 2011 до 2014 година, но не се изнаигра во клубот. Потоа беше дел од ВБА, Евертон и Манчестер јунајтед. Ја воскресна својата кариера во дресот на „нераѕурите“ изминатите две сезони, а лани беше еден од најважните играчи во освојувањето на „скудетото“.

Сепак, поради финансиските проблеми, Интер мораше да ги продаде своите двајца највредни играчи, бидејќи претходно си замина и Ашраф Хакими, кој направи трансфер во ПСЖ за 70 милиони евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе