Свет

СЗО: Вакцините не треба да бидат услов за патување во странство

Патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против коронавирусот, изјави на денешниот редовен брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ.

-СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања, рече Јашаревиќ.

„Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап“, рече Јашаревиќ.

СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе