Македонија Топ вести

Активно жариште на Жељувино – Дренак во Старо Нагоричане

И денеска е активно жариштето на потегот од Жељувино – Дренак, општина Старо Нагоричане, информираше денеска командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски. Зафатена е нискостеблеста шума и трева.

Екипите и вчера работеа на овој потег и денеска ќе работат на ова жариште кое се наоѓа на непристапен терен, високо планинско место, изјави Трајковски.

Според информациите на противпожарната единица Старо Нагоричане, една екипа дежура на пожарот во Челопек, каде вчера избувна пожар во два наврати. Првиот пат во пладневните часови и беа зафатени поранешни воени бараки и вториот пат куќи, објекти, добиток, стрништа. На оваа локација сè уште има тлеење.

Од МВР велат дека нивна екипа е на терен и со информации ќе излезат во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршните зборови за убиството на Вања и Панче

Дејан Дејан

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе