Свет

Фон дер Лајен: Недостигаат валидни податоци за одобрување на Спутник В

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен смета дека Европа е добро подготвена за можно давање на третата доза од вакцината против коронавирус и посочи дека за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ недостигаат валидни податоци.

– Нарачавме 1,8 милијарди дози од Бионтек/Фајзер до 2023 година. Тоа е најголемата нарачка во светот и е доволно за можна трета доза во ЕУ, како и за адаптација на новите соеви, изјави Фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД.

Кога станува збор за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ од Европската агенција за лекови (ЕМА), таа рече дека овој процес се уште е неизвесен.

„Досега, производителот не можеше да обезбеди доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, објасни таа, додавајќи дека ова покренува голем број прашања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе