Македонија

Скандалозно објаснување од владата за смената на Петровска

Паднаа во вода владините ветувања за департизација на државата. Власта призна дека наместо стручни непартиски кадри какви што вети дека ќе поставува да раководат со институциите – клучот за седнување во функционерското столче е во партијата и коалицијата.

Веста дека извиси местото на  директорката на инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, зошто тоа го побарала партијата ДОМ, е само последен пример во низата.

Владата преку соопштение призна дека наместо заштита на животната средина приоритет и е одржувањето на парламентарното мнозинство.

Но и тоа дека во меѓукоалицискиот договор таа позиција припаѓала на партијата ДОМ.

“Согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на партијата ДОМ. Владината коалиција при изборот на кадровски решенија се води исклучиво од интересот на граѓаните, од потребата за целосна функционалност на Владата како организациска и како политичка целина, како и одржувањето на парламентарното мнозинство преку споделување на одговорноста меѓу сите партии од коалицијата” – велат од владата.

За експертите одговорот на Владата е скандалозен.

Велат дека фактот дека се најавува разрешување заради политичката коалиција не оди во прилог на валадините заложби за департизација.

 “Поскандалозно во соопштението во одговорот на Владата што го испратила до медиумите е тоа, одредувањето во која надлежност е инспекторатот, дека инспекторатот за животна средина е во надлежност на одредена политичка партија, во случајот ДОМ.Мислам дека никаде во ни еден закон не е напишано дека некоја институција е во надлежност на некоја политичка партија. И од тука без да го коментирам исходот сметам дека не оди во прилог на заложбите за департизација” – оценува Миша Поповиќ од институтот за демократија.

Токму и истражувањето на Институтот за демократија ги потврдува сомнежите дека наместо професионалци на столче седнуваат директори блиски до партијата.

“Оваа таканаречена ситуација на политички именувања, партиски именувања во континуиран период не запира во земјата и е еден од главните проблеми и критика од стран на ЕУ” – додава Поповиќ.

Истражувањето на Институтот за именувањето на директорите во 32 државни претпријатија, инспекторати и установи под надлежност на владата е направено по последните избори.

Покажува дека партијата го има клучниот збор и во последниот бран именувања од Владата.

Освен еден раководител, сите останати биле назначени директно, без јавна процедура.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филмска несреќа на железничка пруга во Велес-Градско: Возило излетало, па се заглавило на пругата, пожарникари и полиција се бореле да ги извлечат патниците

Дејан Дејан

ДЗР: Додаток за прекувремена работа ретко се исплаќа, а додаток за прилагодување на пазарот на труд не се исплаќа

Дејан Дејан

Миле Јанакиески денеска излегува од затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе