Спорт Фудбал

Официјално: Рафаел Варан е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед го објави трансферот на Рафаел Варан од таборот на Реал Мадрид. Францускиот фудбалер најпрво треба да ги мине медицинските прегледи по што и официјално ќе потпише потгодишен договор со „црвените ѓаволи“.

Варан цели 10 сезони беше дел од шпанскиот гигант, каде пристигна од таборот на Ленс уште кога имаше само 18 години. Тој важи за еден од најдобрите стопери во светот. Стандарден е во француската репрезентација, а во Реал формираше фантастичен тандем со Серхио Рамос, кој летово исто така го напушти клубот и потпиша за ПСЖ.

Премиерлигашот ќе плати обештетување од околу 45 милиони евра за Варан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе