Македонија Топ вести

Катица Јанева ќе бара да и се одложи одењето в затвор, ќе се жали и во Стразбур

Катица Јанева ќе бара да не оди в затвор веднаш. Издржувањето на 7 годишната затворска казна ќе сака да ја одложи најверојатно поради здравствени причини.

Адвокатката на екс специјалната овинителка Ирена Фрчовска за Телма вели дека не може со сигурност да тврди врз основа на што ќе се бара ова бидејќи апелациониот суд се уште не им ја доставил пресудата.

Најави и дека во меѓувреме ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.

За Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години затвор за сега нема информации бидејќи неговиот адвокат е недостапен. Ова доаѓа откако апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда за јанева и Боки 13. Вообичаено судија за извршување на санкции им испраќа упатен акт на осудените со датум кога и каде да ја извршуваат казната.

Законот дозволува од оправдани причини тие да бараат одложување. Инаку двајцата осудени се во домашен притвор, за случајот Рекет. Јанева е осудена за злоупотреба на службената положба како јавен обвинител, а Боки 13 за рекет и перење пари.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Како се избира нов Поглавар на Светата Римска Црква?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе