Свет Топ вести

Масовни протести на Куба

Илјадници Кубанци вчера излегоа на улиците низ целата земја и извикувајќи „слобода“ побараа оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел.

Според светските агенции, ова се „најголемите антивладини протести во комунистичката земја во последните неколку децении“.

Протестите избувнаа во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот Сојуз, поранешен сојузник на Куба, но и рекорден број заразени со коронавирус, а луѓето го креваат својот глас поради недостиг на храна, кршење на граѓанските слободи и начинот на кој владата се бори против пандемијата.

Илјадници вчера се собраа во главниот град на Куба, Хавана, барајќи Дијаз-Канел да си замине од власта, додека владините приврзаници носеа кубански знамиња и го извикуваа името на поранешниот лидер Фидел Кастро.

На улиците имало и џипови на специјалните единици, кои носеле пушки, а присуството на полицијата било големо дури и откако демонстрантите си заминале дома.

Лидерот на кубанската Комунистичка партија Дијаз-Канел, во телевизиски говор за немирите ги обвини САД кои во изминатите години го засилија повеќедецениското трговско ембарго.

Тој верува дека голем број демонстранти биле искрени, но биле изманипулирани од САД, кои „ја организирале кампањата на социјалните мрежи, со помош на платеници на теренот“.

Кубанскиот претседател предупреди дека нема да се толерираат нови провокации, и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на ваквите провокации.

Вршителката на должност заменик државен секретар Џули Чунг изјави дека е длабоко загрижена поради „повиците за борба“ на Куба, додавајќи дека САД стојат зад правото на кубанскиот народ на мирно собирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе