Вести Свет Топ вести

Протести на Куба – економската криза и пандемијата ги извадија на улица незадоволните граѓани

Илјадници кубанци учествуваа во најголемите протести со децении против комунистичката власт на островот.

Протести се одржуваа во сите поголеми градови на Куба, вклучувајќи ја и Хавана, на граѓаните незадоволни од недостатокот на храна и високите цени на основните производи, како и рестрикциите на струја и слабиот пристап до вакцини против Ковид-19, додека ситуацијата со пандемијата дополнително се влошува.

Откако кубанскиот претседател излезе на телевизијата и апелираше до народот да ја одбрани револуцијата, на улица излегоа и бројни про –владини демонстранти. Инцидентите беа неизбежни, беа претепани повеќе демонстранти а нападнати биле и новинарските екипи на Асосијејтед Прес.

Луѓето излегоа слободно да се изразат а тие ги репресираат и тепаат. Тоа е неприфатливо и ние сме тука за да ги спречиме да ги тепаат, вели Хорхе Луис Гил, католички свештеник

 

Татковина и живот, долу со диктатурата, долу со браќата Кастро, долу со комунистичките кучиња.

 

Кубанците кои излегоа на улиците се бесни заради колапсот на економијата, како и рестрикциите на граѓанските слободи. Минатата година, кубанската планска економија се намали за 11%, најголемиот пад во речиси 3 децении, предизвикан од пандемијата, но и острите американски санкции поддржани од силно кубанско лоби на Флорида.

Кубанскиот лидер Мигел Диас Канел оцени дека протестите се провокација на платениците најмени од Соединетите држави за дестабилизација на Куба. Ако сакате да ни помогнете, тргнете ги санкциите кои не уништуваат, изјави Мигел Диас.

 Ако сакате на Кубанскиот народ да му биде подобро, прво тргнете ја блокадата. Не може да ми кажете дека ова е неефикасна влада, брутална влада на диктатурата. Што е диктатурата на Куба? Диктатура ли е дека сакаме целиот свет да биде малку подобар? Диктатура ли е дека сето тоа што го правиме за сите? Тоа ли е диктатура?

Кубанците сепак живеат во исклучително тешки услови. Присуството на претседателот во своето гратче, жителите на Сан Антониот де лос Бањос го искористија да се пожалат на недостатокот од вакцини во пандемијата, која вчера рестрираше рекордни речиси 7000 случаи дневно, па се до рестрикциите на електрична енергија.

Немам со што да готвам, снемавме струја повеќе од 20 пати вчера.

 

Љубов моја, љубов моја. Тоа е затоа што немаме гориво и моравме да ја исклучиме струјата, и одговори претседателот.

Администрацијата на Бајден изрази загриженост заради насилството против демонстрантите, оценувајќи дека тоа претставува загрозување на правото на слободно собирање.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе