Спорт Фудбал

Меси конечно освои трофеј со Аргентина (ВИДЕО)

Аргентина е јужноамерикански шампион откако утринава во големото финале на Копа Америка со минимални 1-0 го совлада домаќинот на турнирот Бразил на стадионот „Маракана“ во Рио.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 22.минута, кога Анхел ди Марија реализираше по додавањето од Родриго де Паул. Конечно заврши агонијата на Лионел Меси без голем трофеј со аргентинската репрезентација, по три загубени финалиња на Копа Америка и едно Светско првенство во 2014 година.

Меси воедно беше прогласен за најдобар играч на турнирот. За Аргентина ова е вкупно 15-та титула јужноамерикански шампион, но прва по 1993 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе