Македонија Спорт Фудбал

ЖФК Каменица САСА на мегдан со Јувентус во женската Лига на шампиони

Жените знаат и умеат во рударска Македонска Каменица. Освен што се познати по единствената градоначалничка на истокот, годинава имаат шампионки и во фудбал и кошарка. Фудбалерките на женскиот фудбалски клуб Каменица Саса ги уриваат сите стеротипи, но и ги надигруваат сите противници. Двократниот шампион на Македонија ќе се натпреварува во Лига на шампиони. Натпреварите ги почнуваат на 18 август во осмата група со италијански Јувентус, еден од гигантите во светски фудбалски рамки и во женска, не само во машка конкуренција. Во групата се и Сент Полтен од Австрија, како и турскиот Бешикташ.

Македонските шампионки порачаа дека одамна фудбалот не е машки спорт. Градежни инжињери, полицајки, студентки, средношколки, програмери, економисти, правници заеднички гинат на теренот, за да топката ја сместат  во противничкиот гол. Капитенот, Моника е полицаец, а Ана градежен инжињер.

Тренерот на женскиот фудбалски клуб во Македонска Каменица Зоран Златковски, поранешен фудбалер со повеќегодишна интернационална кариера, со тимот веќе ги прави тактиките за натреварите во Лига на шампиони. Фудбалерките од рударското гратче Македонска Каменица очекуваат на стадионот на Јувентус во Торино и поддршка од публиката, македонската дијаспора.Се проценува дека во Италија, само од ова градче се иселелени околу 4.000 граѓани.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе