И покрај зголеменото ширење на делта сојот на корона вирусот, во државата нема посебни мерки при влегување во државата, односно нема потреба ниту за ПЦР тест ниту од сертификат за вакцинација. Најголем број од досега утврдените случаи на зболени од делта сојот (познат и како индиска варијанта на короната) се повратници од странство.
Според бројките кои ги добивме од МВР, летото и стартот на туристичката сезона го зголемија меѓуграничниот сообраќај. Тоа особено е видливо на преминот Табановце и на аеродромот во Скопје преку кои доаќаат најголем дел на нашите иселеници, но и туристи кои остануваат во Македонија или заминуваат за Грција.
На Табановце во јуни влегле 265.285 луѓе, додека во првите 8 дена од јули се регистрирани 94.685 влезови. Дневниот просек во јуни е околу 8.800 патници кои влегле во Македонија, а во јули таа бројка е многу поголема односно повисока за 3 илјади. (околу 11.800).
Се бележат помалку излези на Табановце ((јуни-214.530, јули 51.719), а помалку излези има и преку скопскиот аеродром ( јуни-44.101, јули- 13.336).
Но и на меѓуанродниот аеродром е зголемен бројот на влегувања и слетувања, во јуни пристигнале со авион 59.072 патници (околу 1960 дневно), а од почетокот на јули досега долетале 25.623 патници или просечно околу 3.200.
Во Македонија нема рестрикции ниту за земјите кои се ризични и каде има зголемување на бројот на корона заразените особено со делта сој како што се например Грција, Англија или Португалија.
Миомир Серафиновиќ