Вести Македонија Најважни

Четворица тетовци сомнителни на јужно-африканскиот сој на ковид

Јужноафриканскиот сој на тест и во земјава. Четворица тетовци се сомнителни дека се носители на овој тип на корона, кој , ако се потврди кај нив ќе значи дека и овој тип на вирусот започнал да се шири.

Но, во Тетово веќе се шири делта сојот кој исто така е позаразлив. Цела фамилија се заболела откако еден од нив се вратил од странство, а има и други потврдени случаи. Таму веќе се создава гужва на пунктот во вакцинација, бидејќи спасот се гледа во вакцината.

И во Битола се повеќе луѓе доаѓаат на вакцинација. Овие денови интензитетот е зголемен откако на ред дојдоа и младите од 18 до 25 години. Повеќе од 50 илјади дози веќе се аплицирани а од следната недела кога ќе нема да има ниту термини се очекува и интересот да се зголеми.

Штип пак веќе како да создава колективен имунитет, поради големиот број прележани но 25 000 илјади вакцинирани. Сега Голем интерес за вакцинација нема и покрај информациите за делта сојот.

Инаку она што е карактеристично за двата нови соеви на корона е што се позаразни, но за јужноафриканскиот постојат и стравувања дека може да биде отпорен на некои вакцини. Сепак за сега единствен спас од тешки форми на болеста се вакцините, децидни се докторите.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на медицинскиот персонал во Тетовската болница

Дејан Дејан

Ќе се менува прагот на репрезентативноста на синдикатите

Дејан Дејан

Јаневска: Десетина ученици фатени како препишуваат на екстерен испит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе