Спорт Фудбал

Струга извлече 1-1 на гости кај Лиепаја, а и Силекс ремизираше со истиот резултат

Струга и Силекс ремизираа на првите натпревари во новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Стружани како дебитанти на меѓународната сцена извлекоа 1-1 на гостувањето кај Лиепаја со гол во самиот финиш, додека истиот резултат гласеше и на натпреварот помеѓу Силекс и молдавски Петрокуб.

Летонскиот клуб го отвори резултатот во 31.минута со голот на Бразилецот Додо. Струга дојде до значајно реми со голот на Бесир Исени постигнат во 93.минута од натпреварот.

Освојувачот на Купот, кој лани го загуби прволигашкиот статус Силекс исто така одигра 1-1 против Петрокуб. На теренот на ФФМ, момците на тренерот Горазд Михајлов поведоа уште во 5.минута преку Кристија Додевски.  Гостите го израмнија резултатот длабоко во судиското продолжение на првото полувреме преку Сергио Платица.

Реванш натпреварите се играат за една недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе