Економија Најважни

Доцни постапката за распишување на тендерот за изградба на современа депонија во светиниколско

Единствената современа депонија во земјава извесно е дека ќе доцни со стартот за изградба, но и преработката на отпадот. Современиот систем за управување со отпад, кој треба да биде во близина на светиниколското село Мечкуевци требаше да почне со работа во 2023 година, но поради пандемијата доцни постапката за распишување на тендерот за изградба.

Ние чекаме на донаторите. Проектната документација е во Брисел, тие треба да го распишат тендерот. Тоа веројатно ќе се случи до крајот на оваа година“, вели Ана Мазневска од Министерството за животна средина.

18 те општини формираа и јавно претпријатие „Еко исток-североисток“, но се уште не е избран директор на претпријатието и таму има натегање меѓу општините. Свети Николе има поддршка од општините од истокот и стои цврсто  на ставот дека директорот треба да е од нивната општина, бидејќи депонијата се наоѓа на нивна територија, а Куманово, како најголема општина од североистокот бара првиот човек да е од нивните редови.

Општините од истокот и североистокот изминатиот период добија камиони за отпадот, деновиве почна и дистрибуцијата на контејнерите во комуналните претпријатија. Избрани се и двајца изведувачи кои треба да почнат со чистење на дивите и затварање на општинските депонии, кои се на ниво на ѓубришта.

Проектот за првата современа фабрика за отпад во земјава, која ќе чини 46 милиони евра стартуваше пред 12 години, на иницијатива на градоначалниците од истокот, подоцна се приклучија  североистокот и Свети Николе од Вардарскиот регион. Целиот проект се реализира со финансиска помош и поддршка на Европската унија.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Новиот папа денеска ќе ја одржи својата прва миса

Дејан Дејан

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе