Македонија Топ вести

По реакциите на граѓаните, раскопан бетонот околу забетонираните дрвја на кеј

На кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, неколку дрвја вчера беа забетонирани. Набрзо по бурните реакции на социјалните мрежи, градските служби излегоа на терен, со хилти го раскопаа бетонот и досипаа земја, објавува радиомоф.мк.

Фото: Радиомоф

Инаку, во тек е реконструкција на кејот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Се уредува површина од околу 12.500 квадратни метри, а за тоа се одвоени 88.6 милиони денари.

 

Откако граѓаните и невладините организации забележаа дека се бетонирани неколку дрвја на кеј „13 Ноември“, екипите на Град Скопје веднаш ги ослободија дрвјата, сооптуваат од градот.

Дрвјата биле бетонирани по грешка на изведувачот, а за ситуацијата веднаш реагираше и градоначалникот Шилегов кој вчера беше присутен на терен и ја координираше работата на службите што беа задолжени за експресната интервенција при ослободувањето на дрвјата. Со ослободувањето, сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање.

Град Скопје искажува благодарност до граѓаните и невладините организации за алармантноста при грешката на изведувачот, што овозможи и брза реакција на градските служби во оваа ситуација. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет.

Со реконструкцијата на кејот „13 Ноември“ е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот.

На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила, информираат од Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе