Преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ да започнат веднаш без одложување, е пораката со која заврши „Преспа форум за дијалог“, а беше упатена од помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер. Рикер од прес-конференцијата со македонскиот премиер Зоран Заев рече дека визијата на САД за регионот е константа и сака да го види интегриран во трансатлантската унија.
Рикер во текот на двата дена од Преспа форумот во неколку наврати испрати порака дека поддршката на САД за регионот ќе продолжи во многу сегменти за тоа да се реализира, не проговори директно за прашањето со Бугарија кое во моментов ги кочи и Македонија и Албанија на европскиот пат.
Рикер меѓу ангажманот на САД за унапредување на состоојбите во регионот ја посочи и одлуката на американскиот претседател Џо Бајден на црната листа на Америка да влезат и сите лица инволвирани во корупција, но без прецизно да каже кога ќе биде објавена дополнетата листа за Македнија.
Премиерот Заев пак откако во неколку наврати изминатите два дена повтори дека незапочнувањето на преговорите со Македонија и Албанија е неуспех на ЕУ, со барање таа да се најде себе си, тој денеска и даде и рок на Унијата да ги преиспита своите политики.
Од дводневниот Преспа форум во Охрид беше испратена порака и од новиот претседавач со Унијата, Словенија, чиј претседател Борут Пахор најави дека неговата земја ќе направи се што може да се преговорите на Македонија и на Албанија да почнат набрзо што е можно.
Преспа форум за дијалог на кој на едно место беа собрани 300 државници, дипломати, претставници на тинк-тенк групи и новинари беа спратени многу пораки, но сите имаа еден ист именител, дека местото на Западниот Балкан е во ЕУ и ништо помалку.
Тамара Грнчароска