По едночасовни процедурални забелешки и немање деловнички можности за работа, Комисијата за одбрана и безбедност ја прекина седницата на која требаше да се дискутира за Предлог законот за државјанство .Со поднесувањето во скратена постапка ќе се спречи амандманската блокада и маратонските говори од страна на Левица.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини дека се работи за преседан, а носењето на овој закон го оценија како договор меѓу СДСМ и партиите на Албанците со цел да си обезбедат дополнителен број гласачи.реагираа и на немањето преставник од власта.
Алијанса на Албанците и Алтернатива апелираат законот да не се политизира затоа што со него треба да се решат проблемите на една категорија на граѓани кои имаат институционални пречки.
На предложениот закон имаат поднесено 12 амандмани.Се предлага државјанство наместо со тројца сведоци да се стекне со приложување документ од листа од 16 за оние државјани на поранешна СФРЈ кои до независноста на Македонија живееле на оваа територија.
Од документи може да се приложат извод од матична книга на родени, доказ од училиште, работничка книшка или докази за заснован работен однос, платен данок, пасош, лична карта од СФРЈ.Очекувањата се собраниската расправа да заврши во текот на наредната недела со оглед на тоа што законот се поднесува со европско знаменце.
Јулијана Пешевска