Бугарија синхронизирана во ставовите – Македонија флексибилна, оцени лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и затоа на пратениците во собранието им нуди резолуцијца со која ќе се дефинираат црвените линии за јазикот, историјата и идентитот. Целтта на опзицијата е постигнување држаен консензус за преговорите со кои ќе биде условена секоја идна влада бидејќи истото би предизвикало нарушување на државните интереси.
Мицкоски се брани дека документот не е партиски производ туку произлегува од укажувањата на МАНУ и УКИМ. Текстот на резолуцијата ги брани јазикот, идентитот и историјата.
Ваквиот предлог доаѓа по изјавата на државниот секретар на Португалија дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, како од засилената негаторка реторика од источниот сосед, вели Мицковски, чиј што став предлог ексрпресно го отфрли владечката СДСМ.
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание. Политичар како Мицкоски кој ги кочи интегративните процеси на државата не може да понуди никаква европска агенда.“
Академиите на науките на Скопје и Софија и претходни ги судрија копјата околу потеклото на јазикот и толкувањето на историјата, но според Мицковски ваквиот документ нема да пречи во понатамошните преговори со Бугарија.
Павле Беловски