Македонија Топ вести

Заев: Македонскиот јазик и идентитет се надвор од преговорите

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се надвор од преговорите со Бугарија, тоа им е јасно и на помалку упатените во проблематиката, на сите земји-членки на Европската Унија, на целиот регион и на целиот демократски свет, предводен од САД, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со помошникот државен секретар на САД за Европа и евроазиски прашања, Филип Рикер по завршувањето на Конференцијата на Преспа форумот за дијалог.

-НАТО го остваривме, втората стратешка цел е да продолжиме низ поглавјата во пристапот со ЕУ. И во едни такви околности уште еднаш можам да потврдам дека во Бугарија не разговаравме за македонскиот јази и за македонскиот идентитет, рече Заев.

Додаде дека од Европа очекуваме да ги заштити идентитетите на сите, вклучително и нашиот.

-Впрочем и Република Бугарија вели дека ја прифаќа реалноста за македонскиот јазик и македонскиот народ, разговаравме за патоказот, согласно кој ги дефиниравме области, ги задолжуваме институциите и ги одредуваме роковите за зголемувањето на ефикасноста на соработката меѓу двете земји. Како на пример интензитетот на историско образовната комисија, колку често да се среќаваат, да ги охрабриме да изнаоѓаат решенија, кои што ќе не прават пријатели, не решенија коишто ќе не делат, порача Заев.

Премиерот нагласи дека сето она што се однесува за јазикот е формулацијата, која веќе ја кажал а тоа е дека станува збор за слични, но различни и меѓународни признати јазици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе