Вести Македонија Топ вести

Коце Трајановски можен ривал на Петре Шилегов во трката за Скопје

Коце Трајановски е можен противкандидат на актуелниот Петре Шилегов од СДСМ, кој најави дека ќе се бори за втор мандат. Лидерот на ВМРП-ДПМЕН Мицкоски потврди дека едно од имињата, чиј рејтинг се мери во партијата  е поранешниот градоначалник на Скопје, а следната недела ќе соопшти уште 15-тина други имиња.

Едно од имињата кое што се мери на анкетите е и господинот Коце Трајановски , исклучително успешен градоналаник во минатото, изјави Христијан Мицкоски-претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ сега преговара со албански, турски, српски, бошњачки , влашки и со други партии, кои што не се дел од нивната коалиција. Владеачката СДСМ следниве 10 дена ќе биде отворена за коалицирање за локалните избори со ДУИ и ДПА, за постигнување договор за подршка на кандидат за градоналаник на Град Скопје. Коалицирање ќе има и за Тетово и Струга , каде СДСМ нема да излезе со свој кандидат како и во скопските општини Сарај и Чаир, но ќе настапи во Гостивар, со кандидат Албанец.

Покрај Саша Богдановиќ, кандидати за градоначалници за општина Центар од СДСМ се и Емилијан Станковиќ и директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ. За Охрид, по втор мандат ќе трча градоначалникот Константин Георгиевски, а за прв пат и директорот на болницата Горан Балевски.  Шанси да победи на локалните избори има и градоначалникот на Гази Баба, Борче Стефановски, велат од СДСМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе