Кинеските власти мора да ја направат Народноослободителната армија на Кина (НОАК) една од најсилните вооружени сили на светот за заштита на националните интереси на Кина, рече Си Џинпинг, генерален секретар на Централниот комитет на ККП и претседател на Народна Република Кина во говорот по повод 100-годишнината од постоењето на Кинеската комунистичка партија (ККП).
-НОАК мора да се претвори во вооружена сила од светска класа со уште поголеми можности за да може со сигурност да ги брани суверенитетот, безбедноста и интересите за развојот на земјата, рече шефот на кинеската држава.
„Учејќи од минатото и бранејќи ја нашата иднина, потребно е да се забрза модернизацијата на националната одбрана и вооружените сили. Силната држава мора да има силна армија, само моќната вооружена сила може да ја гарантира националната безбедност“, додаде тој во говорот.