Свет Топ вести

Трамп веќе одлучил дали ќе се кандидира на изборите во 2024 година, но не кажува каква е одлуката

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп веќе донел одлука за тоа дали ќе учествува на следните претседателски избори во САД во 2024 година, но не прецизираше каква е таа, самиот изјави за телевизијата „Фокс њуз“.

На новинарско прашање дали донел одлука за ова прашање, Трамп одговори „Да“, но притоа не даде други детали.

Трамп во април изрази уверување дека републиканскиот кандидат ќе победи на претседателските избори во САД во 2024 година. Во март, поранешниот претседател кажа дека има намера да донесе конечна одлука за можноста повторно да се кандидира за функцијата шеф на Белата куќа по делумните избори во земјата во 2022 година.

За време на говорот на конференцијата на американските конзервативни кругови во Орландо, во Флорида,  на 28 февруари Трамп кажа дека може уште еднаш да се кандидира за претседател

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И обвинетите и роднините незадоволни од пресудата за модуларната болница

Дејан Дејан

Вонредна состојба во болницата во Кочани

Дејан Дејан

„Вреди“ преговараат за проширување на пратеничката група, Алијанса обвинуваат дека и сегашната е неделовничка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе