СДСМ во следните 10 дена ќе има отвореност за коалицирање за локалните избори со ДУИ и ДПА околу договор за подршка на кандидат за градоначалник на Град Скопје, брифираат од СДСМ.
Како што велат од партијата, коалицирање ќе има и за Тетово и за Струга, каде СДСМ нема да има свои кандидати но, свој кандидат ќе има во Гостивар и тоа Албанец. Од СДСМ велат дека за Тетово и Струга во втор круг ќе коалицираат со тој ќе има предност, но за Тетово и ДПА, БЕСА и ДУИ имаат кандидат, а за Струга се уште не е донесена одлука.
Кандидати за градоначалници за општина Центар се и Емилијан Станковиќ, кој е предложен од општинските одбори, како и Милена Стевановиќ, директорката Инфективната клиника.
Од скопските општини нема да имаат кандидати за Сарај и Чаир, брифираат од СДСМ.
За градоначалник на Прилеп од општинските одбори во централата на СДСМ пристигнала кандидатурата на Горан Сугаревски, директорот на Царина, а за Битола покрај актуелната градоначалничка Наташа Петровска, кандидати се Васко Ковачевски, Горан Козаров, Горан Милев и Никола Бабовски.
За Охрид повторно ќе се кандидира актуелниот градоначалник Константин Георгиевски, како и директорот на болницата Горан Балевски.
За општина Гази Баба шанси има актуелниот градоначалник Борче Стефановски, велат од СДСМ.
Според очекувањата до среднината на овој месец треба да се потпише коалиција со ДУИ, да се одржи лидерска средба со коалиционите партнери и да почне порвата фаза на објавување на кандидатите.
Од 13 јули ќе почне промоцијата на кандидатите за градоначачници која ќе биде во три фази, па на крај на јули и во август ќе има промоција на кандидатите за Куманово, Штип Крива Паланка и Центар.
До сега СДСМ имаат 567 кандидати за градоначалноци и 4.530 за советници.