Серхио Рамос ги договори личните услови со ПСЖ и во следните неколку денови треба да потпише двегодишен договор.
Шпанецот е слободен агент откако неговиот договор со Реал Мадрид истече и не се договори со управата за нова соработка.
Порталот „РМЦ“ јавува дека парижаните наскоро ќе го промовираат Шпанецот како ново засилувања. Се очекува дека во следните денови Рамос треба да ги мине медицинските прегледи и официјално да стави потпис на двегодишен договор, вреден 15 милиони евра по сезона.
ПСЖ досега официјално се засили само со Жорџињо Вајналдум, кој дојде како слободен играч од Ливерпул, а на добар пат се да потпишат и Ашраф Хакими и голманот Џанлуиџи Донарума.