Ковид19 Свет Топ вести

Европа ја очекува нов бран, предупредува СЗО

Светската здравствена организација предупреди дека Европа се наоѓа пред нов бран на коронавирусот, откако 10 неделното континуирано намалување на бројот на нови случаи заврши минатата недела со зголемување од 10 проценти. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, вели дека зголемувањето се должи на послободното мешање на луѓето преку патувања и собирања и олабавувањето на рестриктивните мерки.

Ова се случува во ситуација која брзо се развива, со новата загрижувачка Делта варијанта и во регион каде, и покрај огромните напори на земјите членки, милиони луѓе сѐ уште не се вакцинирани. Делта ја надминува Алфа многу брзо преку повеќе инфекции и веќе тоа се забележува во зголемен број на хоспитализации и смртни случаи, рече Клуге.

СЗО заедно со европските здравствени власти прогнозираат дека новата делта варијанта до август ќе стане доминатна на европскиот континент. Германија дури очекува тоа да се случи уште порано.

Наскоро Делта ќе стане доминатната варијанта во Германија. Претпоставувам дека веќе во јули ќе видиме дека 70 до 80% од новите случаи ќе бидат со Делта. Нашата цел е јасна, бројот на новозаразени на го задржиме колку што можеме пониско, и во исто време, дополнително да ја забрзаме вакцинацијата, оценува германскиот министер за здравство Јенс Спан.

Во ситуацијата, според здравствените власти, треба да се земе в предвид и одржувањето на европското првенство во фудбал, како и тоа што започна сезоната на летни одмори. Затоа Клуге даде неколку препораки за луѓето кои сакаат да патуваат.

Прво, ако одлучите да патувате, внимателно проценете го ризикот и патувајте безбедно, водејќи сметка за заштитните маски и сопственото заштитување, особено на затворено и во гужви. Второ, вакцинирајте се. Не размислувајте, направете го тоа за вас и за другите. И трето, вакцинирајте ги најранливите први, порача Клуге.

Нагло зголемување на новозаболени има во Португалија, Шпанија и Финска, а Русија продолжува да бележи рекорден број на смртни случаи на дневна основа. Тоа што ги загрижува европските здравствени власти е фактот што и покрај сите напори, дури 63 проценти од европјаните сѐ уште не се вакцинирани.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе